Стимулација на социјалните поздрави
Предучилишната возраст се карактеризира со интензивен раст и развој во сите сфери. Една од областите на која родителите треба да посветат особено внимание е социо-емоционалниот развој. Некои деца полесно ги усвојуваат социјално прифатливите облици на однесување, но на некои им е потребна поинтензивна поддршка и подолготрајно вежбање.
Дали Вашето дете има потешкотии со прифаќањето и користењето на социјалните поздрави како што се: „Добар ден“, „Догледање“, „Пријатно“, …? Дали детето ја одбегнува идеjата да се прегрне или да се бакне со роднините или пријателите? Детето може да чувствува голем притисок доколку не е подготвено да ги прифати тие барања на средината.
Во продолжение Ви презентираме неколку идеи како можете да му помогнете на Вашето дете полесно да ги прифати овие социјални облици на однесување:
-
-
- не принудувајте го Вашето дете да покаже физичка наклоност кон некој друг. Ако не сака да се прегрне или бакне, обидете се да го почитувате тоа. Едноставно, прашајте го: „Како би сакал да се поздравиш со дедо ти?“ и потоа користете било каков гест кој може да претставува поздрав, на пр. „Дај ми пет („да пукне“) или допирање со ногата може да значи здраво!“ и тогаш и дедото нека го користи тој начин на поздравување. Ова ќе внесе малку лежерност и најверојатно смеа, што ќе ги олесни чувствата на Вашето дете и ќе му помогне да се поврзе со членот на семејството
- дозволете му на детето да го одреди сопственото темпо. Можете да му кажете: “Баба ти би сакала да се поздрави, но се чини дека можеби ќе ти требаат неколку минути. Ќе седнам покрај тебе додека не бидеш подготвен“. Останете покрај детето додека тоа ја набљудува ситуацијата. Потоа прашајте го: „Дали си подготвен/а да се поздравите?“ и помогнете му во интеракција со Вашата роднина, пријател. Овозможете му на Вашето дете само да утврди кога е подготвено. Така ќе се чувствува почитувано, што е многу важно за неговиот социјален и емоционален раст
- играјте ја играта „Телефон“. Побарајте од Вашето дете да Ви го шепне поздравот, а потоа пренесете ја пораката на роднината или пријателот. Ќе кажете: „Време е да одиме! Дали сакаш да ми го шепнеш поздравот за тета?“, а потоа пренесете ја пораката. Можете да го пренесете поздравот и преку дување бакнеж или прегрнување во име на Вашето дете. Друга идеја е да му го дадете на детето лажен телефон и да му кажете: „Тета е на телефон. Дали сакаш да и кажеш нешто?“
- пред да влезете со детето во продавница, библиотека или некое друго место каде што Вашето дете може да се сретне со повеќе луѓе кратко информирајте го што треба да каже доколку некој му се обрати. Кажете му дека доколку некој го праша како е, се што треба да каже е: „Добро, фала“. Тоа ќе му олесни на детето и ќе чувствува помал притисок
- поддржувајте и охрабрувајте го Вашето дете. Доколку детето не успеало да отпоздрави некого уверете го дека наредниот пат ќе успее. Ако детето се чувствува обесхрабрено или се чувствува како да не направило нешто добро, охрабрете го да учи од ова искуство и да го примени кога пак ќе има прилика да се поздрави со некого. Доколку работите тргнале добро, кажете му дека сте горди на него затоа што успеало толку убаво да се поздрави со некого
- научете го детето да се ракува. Дури и децата што одат во градинка можат да се поздрават со некого со ракување. Направете игра на улоги за да му помогнете на детето да го вежба ракувањето и дајте му да Ве поздрави со самоуверено ракување
- научете го детето да стане кога се поздравува со некого. Ако Вашето дете е седнато (дома или на пример во ресторан) и некој познаник влезе во собата или му пријде да се поздрави, научете го да стане пред да се поздрави
- направете поздравувањето да биде забавно за Вашето дете. Забавувајте се додека играте улоги и не заборавајте да му дадете многу пофалби. Објаснете му на детето дека кога љубезно ќе се поздрави ќе биде наградено со многу убави комплименти
-