Играчки за деца 0 – 1 година
Во раниот период на развој, играчките имаат големата улога во стимулација на развојот. Изборот на играчки во периодот од раѓање до првата години е многу значаен за развојот на детето во сите области. Родителите на децата од оваа возраст најчесто мислат дека сè што е потребно да направат за своето дете е хранењето, пресоблекувањето и други работи кои подразбираат грижа за детето.
Иако може да изгледа дека детето на оваа возраст не може да стори многу, всушност никогаш не е прерано да започнете да играте со Вашето дете. Има многу забавни начини како родителите да си играат со своето дете и притоа да го стимулираат развојот. Играњето е одличен начин за родителите/негувателите да изградат силна емоционална врска која е од витално значење за развојот на детето.
Со избирање играчки и активности што одговараат на она што бебето е подготвено да го изврши, родителите максимално можат да го искористат времето кога бебето е будно за да го стимулираат развојот и да ја зајакнат емотивната врска.
Играчки за развој на детето од оваа возраст што треба да ги испробате:
Душеци/прекривки за на под
-
-
- душеците за игрa на под се нешто што е потребно за секое дете. Тие ја даваат стимулацијата затоа што се во различни бои и се направени од различен вид на материјали. Со душеците за игра создавате безбедно, чисто и пријатно место за вежбање и развој на детето. Поставувањето на бебето на тврд душек/ прекривка е значајно бидејќи го олеснува менувањето на положбите (од грб на стомак и обратноо, како и вртење на страна). Различните позиции му овозможуваат на бебето запознавање на светот и предметите од повеќе перспективи и различни моторни движења кои се основа на развојот во периодот до првата година
-