Развој на детето во текот на третата година

 

Развојот на детето е континуиран процес. Промените кои започнуваат уште пред раѓањето продолжуваат интензивно да се случуваат особено во првите три години. Тоа се однесува на развој на моторните функции и движењата, сетилната перцепција, комуникацијата. Во понатамошниот текст Ви ги презентираме најзначајните развојни компоненти и функции кои се случуваат во периодот од 2 до 3 години.

        • детето оди самостојно и се движи во просторот без да удира предмети
        • скока со двете нозе
        • трча со различна брзина и менување на правец
        • турка или влече играчки
        • вози точак (трицикл) со двете нозе
        • фаќа или фрла топка и се обидува да ја фати со двете раце
        • се качува на различни висини (пр. по креветот, столиците, масичката)
        • се качува по скали со двете нозе на секоја скала држејќи се за ограда
        • гради кула од 3 до 5 коцки
        • може без проблем да подигне од подлогата ситни предмети, дури и трошки
        • боичката ја држи со испружени палец и прсти 
        • се обидува да направи вертикална линија со боички на хартија
        • може да направи движење на раката и да исече еднаш со ножици. Оваа активност ја прави со асистенција. Не сече во континуитет
        • може да врти страници од книга една по една
        • самостојно се облекува (може да му треба помош за закопчување на копчиња или патент)
        • мие раце со сапун ги плaкне со триење и самостојно ги брише
        • именува познати мали предмети на далечина до 3 метри
        • ужива во сликовниците и посочува во деталите доколку му се каже
        • подолго време ги истражува и ги проучува предметите
        • пронаоѓа одредена книга на барање
        • комплетира табла со 3 форми
        • разбира барања составени од најмалку два збора, како на пример „Фрли топка“, „Седи таму“
        • разбира и извршува два налози истовремено, како на пример „Земи ја топката и донеси ја“
        • разбира семејни односи на пр. баба, дедо, бато
        • изговара околу 300 зборови
        • користи реченица од 2 до 3 зборови
        • именува предмети 
        • бара што сака
        • одговора на прашања „Како се викаш?“ и „Како лае кучето?“
        • одговора адекватно со ДА и НЕ
        • го кажува целото име, полот и возраста
        • зборува додека си игра
        • правилно користи лични заменки и придавки (јас, мене, мое) и користи множина. Води скромни разговори и опишува минати настани
        • се вклучува во пеењето песни за деца
        • себе си се вика по име
        • добро ја џвака храната
        • самостојно ги користи лажицата и чашата со повремени пролевања
        • ја подига чашата од маса и повторно ја спушта
        • пие течност од шише или чаша со цевка
        • употребува салфетка кога ќе се потсети
        • набодува храна со вилушка и ја носи до устата