Играчки за деца 1 – 2 години
Играта е двигател на развојот на детето на рана возраст. Преку неа децата го осознаваат светот, растат и се развиваат. Родителите/негователите на детето треба да ја почитуваат оваа нивна потреба и да создадат услови во кои тие ќе можат активно да истражуваат.
Еден од најважните средства кои треба да им се обезбедат на децата се играчките кои се соодветни за нивната возраст, како и развојното ниво, а преку кои кај детето ќе се стимулира на развојот.
Играчки за развој на детето од оваа возраст што треба да ги испробате:
Чаши во различна големина
-
-
- покрај тоа што овие играчки помагаат за детето да ја увежба координацијата око – рака, овие играчки го стимулираат когнитивниот развој кај детето. Можете да сокриете помали предмети под чашките и потоа да направите игра на барање на истите, при што се стимулира детето да ги подига чашите. Исто така чашките можат да се редат како кула при што децата ја развиваат способноста за анализа, споредба на големина и решавање проблемски ситуации по пат на обиди и грешки
-
Играчки со тркала
-
-
- играчките на тркала како што се колички, возови, камиончиња или колички за бебиња, помагаат и ги охрабруваат децата да ја истражуваат својата околина посамостојно. Едновремено ја подобруваат нивната координација и фината моторика
-