Когнитивен развој кај детето од 3 до 7 години
Когнитивниот развој подразбира конструкција на мисловни процеси вклучително мислење, помнење, решавање на проблеми и донесување одлуки.
Некогаш се верувало дека новороденчињата немаат способност да размислуваат или формираат сложени идеи и остануваат без сознание додека не научат да зборуваат. Сега е познато дека бебињата се свесни за околината и се заинтересирани за истражување од времето кога се раѓаат. Од раѓањето, бебињата почнуваат активно да учат. Тие собираат, сортираат и обработуваат информации од нивната околина, користејќи ги податоците за да развијат вештини за перцепција и размислување.
Когнитивниот развој се однесува на тоа како човекот перцепира, размислува и стекнува знаења за светот околу себе. Меѓу областите на когнитивниот развој вклучуваат обработка на информации, интелигенција, расудување, развој на говор и меморија.
За полесно следење на когнитивниот развој во понатамошниот текст издвоени се одредени клучни функции кои детето треба да ги совлада според возраста: