Развојот на говор кај детето од 3 до 7 години
Говорот е темел на човечката комуникација и е значаен за целосен развој на детето. Говорот почнува да се развива уште со првиот плач на новороденото бебе. Развојот на говорот и јазикот се одвива во две фази: прелингвална и лингвална фаза. Прелингвален период е периодот од раѓањето до првиот смисловен збор. Лингвален период е периодот од првиот смисловен збор до целосна автоматизација на говорот.
Многу е важно да ги познаваме фазите на говорно-јазичниот развој за да можеме да го разбереме детскиот говор и за да можеме да го поттикнуваме. Во овој текст ќе ги опишеме фазите на развојот на говорот во лингвалниот период според возраста.