Развој на детето во текот на првата година

 

Во првите 3 години од животот на детето се случува неверојатен раст (напредок) во сите фази на детскиот развој. Развојот во најраната возраст (од раѓање до 3 години) е темел за успешен раст и развој на детето и негово вклучување во образованието, групата на врсници, потесната и пошироката околина. 

За родителите/старателите да го разберат подетално развојот на своето дете во продолжение ќе бидат опишани најбитните развојни фази од раѓање до 1 година.

Груба моторика 

      • детето ја држи исправено својата глава
      • во положба на стомак, детето ја подигнува својата глава и се потпира на подлактици
      • доколку лежи на грб детето прави симетрични движења на нозете

Фина моторика 

      • започнува да ја отвара и затвара дланката
      • може да држи тропалка во раката неколку секунди (цврсто ја држи), а по неколку секунди ја фрла
      • може да ги спои двете раце заедно

Сензорен развој

      • со поглед прати контрастна играчка или предмет
      • реагира на звук или ѕвонче со задржување на поглед или со движење на целото тело
      • кога ќе се подигне во раце се смирува

Говорен развој 

      • плаче ако е незадоволно
      • кога му зборувате се смее
      • најчесто ги изговара вокалите (а, е, и, о, у)

Груба моторика 

      • детето се превртува од стомак на грб, но и обратно
      • во лежечка положба на стомак детето се потпира на рацете испружени целосно во лактите
      • во положба на грб ги подава рацете кога пробуваме да го ставиме во седечка положба
      • седи кратко со помош или со потпирање пред себе
      • ако го исправиме на нозе со држење под пазуви, ја носи сопствената тежина

Фина моторика 

      • посегнува по предмети и ги префрлува од една во друга рака пред градниот кош
      • ја користи целата дланка (палмарен фат) кога му поддаваме еден предмет

Сензорен развој 

      • детето ја гледа играчката која ја држи и ја става во уста, ако му падне играчката ја следи со поглед
      • ако слушне звук пробува да го најде изворот на звук
      • до крајот на 6-тиот месец детето ги препознава блиските луѓе и реагира на непознати со плачење или чудење (фиксиран поглед)

Говорен развој

      • детето почнува да изговара нејасни слогови како што се „да, па, га, ка, ба“ но тие немаат значење
      • кога го имитирате слогот што детето го изговара, тоа пробува да Ве повтори

Груба моторика 

      • детето самостојно се доведува до ползечка позиција
      • лазењето треба да го има, но некои деца оваа фаза може и да ја прескокнат
      • самостојно се доведува до седечка положба користејќи ги екстремитетите и прави обид да се исправи

Фина моторика 

      • самостојно посегнуваат со рацете по предмети кои ги држи друго лице
      • фатот во оваа фаза е со палецот и показалецот во опозиција
      • зема мали предмети и ги носи кон устата
      • подобрена е билатерална координација (истовремено и организирано користење и на левата и десната рака при извршување на одредена активност)

Сензорен развој

      • пробува да фати предмет кој му е во близина и ја променува положбата во која се наоѓа со цел да го дофати предметот
      • со радост реагира на играта „криенка“
      • предметите ги префрла од една во друга рака
      • кратко време може да држи по еден мал предмет во двете раце
      • удира играчки една од друга
      • кога е легнато на грб си ги става нозете во уста

Говорен развој

      • до крајот на 9-тиот месец детето може да каже два јасни слогови на пр. „ба-ба“, „па-па“ итн.

Груба моторика 

      • детето лази со голема сигурност и вешто го прави тоа
      • додека е легнато на грб, самостојно седнува и со мала помош се исправа
      • самостојно и сигурно седи со развиена предна и странична реакција на пр. дофаќа предмети кои му се ставени пред него и на страна
      • прави чекори странично, фатено за кревет или доколку се држи за рака чекори нанапред

Фина моторика 

      • става предмети во кутија и ги вади
      • ги турка со раце предметите кои не ги сака
      • посегнува по ситни предмети на пример трошки или етикети на облека

Сензорен развој

      • го интересираат деталите на играчките, ги допира и истражува
      • ги фрла предметите со цел да произведе звук
      • кога се облекува ги подига рацете или ја протнува ногата во ногавица
      • покажува со прст кон тоа што го сака

Говорен развој

      • кога друго лице ќе му направи „Чао“ со раката, детето повторува
      • извршува кратки налози како на пр. „Дојди“, „Крени раце“, „Дај ми“ итн. 
      • на прашање „Каде е топката?“, детето погледнува во топката
      • до крајот на дванаесетиот месец кажува збор со значење на пр. „Ба-ба“, „Ма-ма“ итн.

Исхрана

Во овој период детето треба да почне да јаде тврда храна. Таа е од големо значење за развојот на оралната мускулатура

      • детето сака да ја допира храната и јаде со прсти
      • ја држи лажицата, но сѐ уште не се храни самостојно

Најважната улога за раниот развој и раната стимулација на детето имаат оние кои се грижат за него. Преку игра и комуникација со детето возрасните учат кои се потребите на детето и како тие да одговорат на нив. Овој краток водич за раниот развој на детето може да помогне за родителите/старателите да го следат развојот на своето дете.