Како да формирате кориснички профил

 

Е-Платформата Ранаинтервенција.мк нуди услуги на рана интервенција кај деца од 0-6 години кои имаат одредени задоцнувања/отстапувања во развојот или имаат попреченост, како и поддршка на нивните семејства.

 

За да се отвори кориснички профил и да се добие онлајн индивидуализирана поддршка и интервенции потребно е да се следат наведените чекори:

      • родител/старател да нѐ контактира на 074-222-148
      • во контакт со членови на тимот да се дадат основни информации
      • да се закаже иницијална онлајн средба преку која се прави развојна проценка
      • корисничкиот профил го отвора член од тимот и за истото пристигнува електронско известување
      • во електронското известување постои врска по чие притиснување се пренасочува кон платформата, во прозорец за испишување нова лозинка

 

Напомена: за да се отвори кориснички профил потребно е да се има електронска пошта на „gmail.com“.

 

Повеќе информации за тоа како да се пријавите на Вашиот кориснички профил и како да ги користите услугите кои ги овозможува оваа платформа може да се прочита во следните инструкции за користење.

 

Доколку Ви е потребна помош во врска со креирањето на профил на платформата, испратете ни електронска порака на contact@ranaintervencija.mk .