Развој на дете од 1-2 години

12-18 месеци

        • во исправена положба го балансира телото и почнува да прави чекори самостојно
        • почнува да се качува на стол и да се симнува самостојно
        • почнува да се качува по скали придржувајќи се со едната рака
        • почнува да шутира топка со нога
        • може да фрли топка со рака
        • започнува да шкрта со молив на хартија
        • започнува да врти страни од книга
        • почнува да користи лажица за јадење
        • почнува да бара скриени играчки и наоѓа начин како да земе играчка која не му е достапна
        • почнува да ги имитира родителите што прават и тоа сака да прави
        • почнува да си игра со кукли или плишани играчки, ги храни, ги заспива, ги гушка
        • знае да покаже барем еден дел од своето тело
        • може да изврши барем еден прост налог на пример „седни“, „стани“
        • може да гради кула од 3 коцки
        • почнува да покажува со прст кон предметите што ги сака
        • кажува неколку зборови како на пр. „мама“, „баба“, „тата“ со значење
        • доколку го прашате „Каде е мачето?“ го покажува мачето
        • сака да се гледа во огледало
        • почнува да бара внимание и често ги „закача“ родителите доколку не му обрнуваат внимание
        • почнува да пие од чаша

18-24 месеци

        • може да се качи најмалку на две скали самостојно
        • почнува да трча самостојно
        • може да скокне со двете нозе истовремено
        • почнува да стои на прсти
        • може да користи лажица без да истури
        • станува сѐ поуспешно во одвртување капаче на шише
        • почнува да се интересира за прекинувачи и го исклучува и уклучува светлото
        • може да ниже монистри на врвка
        • може да гради кула од 3 коцки
        • се обидува да прецрта линии кога родителот ќе ги нацрта
        • се преправа дека предметите се нешто друго на пр. далечинското го користи како телефон
        • знае каде им е местото на предметите на пр. ќебето го става на креветот, чашата ја носи во кујна итн.
        • почнува да класифицира предмети по боја
        • почнува да се става во улоги кога си игра
        • посочува на предмети или животни во книга на пр. ако го прашате „Што е ова?“, а покажувате на куче, детето ќе каже „куче или ав ав“
        • ги знае имињата на блиски луѓе и неколку делови од телото
        • кажува реченица со два збора
        • следи прости инструкции на пр. „Оди и земи го шишето од маса.“
        • ги копира возрасните или поголемите деца
        • се радува кога ќе види други деца
        • покажува повеќе самостојност во хранење, облекување, соблекување и одржување на лична хигиена
        • најчесто кога детето е во друштво на деца си играат паралелни игри, но знаат да играат и меѓу себе
        • многу често прават работи кои им се „забранети“