Самопослужување – грижа за себе

од 3 до 7 години

 

По раѓањето децата целосно зависат од своите родители, но како што растат се случуваат и големи пресвртници во нивните животи на пример, учат да држат шише, да седат, туркаат или влечат предмети, да држат прибор за хранење, учат да ползат и на крајот самостојно се движат. Самостојното движење отвора сосема нов свет за овие мали деца и претставува можности да почнат да ги развиваат способностите за грижа за себе и независност. 

 

Грижата за себе вклучува низа вештини кои всушност се секојдневни задачи кои на децата ќе им овозможат да бидат подготвени да учествуваат во животни активности (соблекување/облекување, јадење, миење на забите и друго). Тие честопати се нарекуваат активности на секојдневно живеење.

 

Да му се даде шанса на детето да се стекне со вештини за грижа за себе е важен дел од неговиот раст и развој. Времето и напорот кои ќе ги вложите во поттикнување на грижа за себе, е сигурен начин да му се помогне на Вашето дете да се чувствува способно. Учењето да се облекуваат, да мијат раце, да си го носат ранецот и други едноставни задачи им помагаат на децата да развијат чувство на автономија и одговорност.

 

Учењето на детето да прави едноставни задачи за самопослужување е сигурен пат за поддршка на развојот на самодовербата кај секое дете. 

 

Да му дадете време на детето да ги учи вештините на самопослужување, да имате трпение и да го поддржите детето во оваа област уште на најрана возраст, значи да влијаете на неговата долгорочната благосостојба и среќа.

Вештини за самопослужување

      • помага во домашни активности
      • сака да помага во кујна, да мие садови
      • самостојно ги мие рацете и лицето
      • пробува само да ја мие косата
      • само го брише носот и марамчето го фрла на содветно место
      • може да користи вилушка
      • се облекува со помош кога облекува маици и облека со копчиња 
      • ги четка забите кога ќе добие вербални инструкции 
      • машките уринираат во тоалет стоејќи 
      • става раквици на себе 
      • облекува чизми 
      • избегнува општи опасности (на пример скршено стакло)
      • детето на оваа возраст самостојно се облекува и соблекува
      • самостојно ги извршува своите физиолошки потреби, внимавајќи на хигиената (мие раце, пушта вода, се брише)
      • ја средува собата или просторот во кој си игра
      • само ја чешла косата, мие заби, се бања со надзор
      • се облекува во зависност од времето
      • само се послужува на трпезата
      • се буди од спиење во текот на ноќта за да оди во тоалет или останува суво цела ноќ 
      • го мести патентот во позиција за закопчување 
      • ја откопчува и закопчува сопствената облека 
      • ја закачува облеката на закачалка 
      • ги одврзува и врзува чевлите 
      • оди во соседството без постојан надзор 
      • самостојно се облекува и соблекува
      • самостојно се храни со приборот за јадење вклучувајќи ја и можноста за користење нож за сечење
      • брише истурена течност
      • го селектира приборот за јадење (на пр. во фиоката)
      • ги брише и средува садовите
      • ги полева цвеќињата
      • самостојно се подготвува за бањање и се бања 
      • мести кревет
      • отвора кутии за ручек, пакува храна
      • подготвува едноставни оброци (на пр. житни култури, мачка намази на леб, подготвува салата и сл.)
      • мие садови 
      • дипли крпи
      • спарува и дипли чорапи