Моторен развој кај детето од 3 до 7 години

 

Моторниот развој кај секое дете е од големо значење поради тоа што од него започнува целокупниот развој. Избалансиран моторен развој директно влијае врз останатите развојни домени како што е развојот на говор, когнитивниот и емоционалниот развој и социјалната компетенција. Моторниот развој е целина на физички и моторни вештини, кои почнуваат да се јавуваат во возраст кога децата се доенчиња или мали деца. Моторниот развој кај децата се развива во однос на три принципи:

 

      • Цефало – Каудален принцип – контролата врз мускулите започнува од горните кон долните делови на телото (детето започнува да ги развива мускулите кои го контролираат држењето на главата, а најдоцна ги развива мускулите кои учествуваат во процесот на одење)
      • Проксимо – Дистален принцип – контролата на мускулите започнува кај оние мускули кои се поблиску до централните порции на телото (контролата на мускулите кои го движат вратот и главата се воспоставува побрзо во однос на мускулите со кои детето фаќа и држи ситни предмети) 
      • Принцип на прогресивно усовршување на финиот и грубиот моторен развој, почнувајќи од поедноставни кон покомплексни движења

Груба моторика 

      • детето трча стабилно, брзо и без падови
      • оди стабилно по нацртана линија
      • може да се задржи 5 – 10 секунди стоејќи на една нога
      • самостојно се симнува и качува по скали
      • вози трицикл 
      • при скокање падот му е на двете нозе истовремено  

Фина моторика 

      • детето може да ја држи топката над глава со двете дланки и да ја фрла нанапред
      • закопчува и откопчува копчиња на облека
      • држи молив со палец и показалец 
      • црта линија во зададена форма
      • отвара и затвара чешма
      • одвртува и завртува капаче од шише

Груба моторика 

      • детето самостојно и стабилно се движи напред и назад
      • стоејќи на една нога може да се задржи од 8 – 10 секунди
      • скока наизменично со двете нозе напред и наназад
      • фрла со топка кон одредена цел 
      • се качува самостојно по вертикално поставени скали (најчесто на игралиште) 

Фина моторика 

      • креативно игра со коцки и прави свои модели 
      • прецртува квадрат (едниот агол може да е заоблен) 
      • се обидува да бои во рамки на линиите, може да избои и цела слика со една боја
      • препишува  букви (големи печатни) и може да си го напише името (по пат на имитација, препишување)
      • сигурно црта по линии (испрекинати или бледи) и ги препишува цифрите од 1 до 5
      • боичката ја држи со три прста (правилен фат) и црта човечка фигура со лице и тело

Груба моторика 

      • детето трча стабилно и брзо со ретки падови
      • скока наназад со една нога
      • детето покажува висок степен на контрола на рамнотежа при извршување на сложени локомоторни активности (трчање, качување, скокање, прескокнување)
      • детето заобиколува подвижни и неподвижни предмети при трчање и прескокнува повисоки препреки при истата активност

Фина моторика

      • детето самостојно ги пишува броевите од 1 до 10 и самостојно пишува букви
      • прецртува триаголник 
      • бои во рамки на линиите
      • прецизно сече слики и лепи на лист (колаж)
      • при цртање и пишување, моливот го држи правилно и движењата ги прави од прстите, не од рачниот зглоб
      • црта едноставни цртежи кои имаат детали  (самиот цртеж е богат, како приказна)
      • употребува прибор за јадење, реди сложувалки од 20 дела

Груба моторика 

      • детето трча помеѓу препреки и одржува рамнотежа 
      • стои на една нога најмалку 10 секунди 
      • шутира топка во одредена насока 
      • оди наназад пета – стапало
      • оди на даска за рамнотежа
      • се држи со раце и виси најмалку 10 секунди 
      • користи и скока на јаже самостојно 
      • потскокнува на една нога
      • скока нанапред со двете нозе истовремено
      • успешно прави колут напред 
      • фаќа мала топка со двете раце
      • скока преку објект и застанува на двете нозе истовремено
      • вози точак без помошни тркала

Фина моторика 

      • детето пишува букви и броеви без проблем
      • самостојно се облекува и користи тоалет
      • моливот и пенкалото го држи со три прсти и движењето го извршува од прстите
      • пишува во линија 
      • користи прибор за јадење 
      • црта слики со предмети кои имаат значење и постојат 
      • самостојно ги врзува обувките